Криза на Корејскиот Полуостров: Стотици воени авиони во воздух, летаат ракети на двете страни

Тензиите меѓу Северна и Јужна Кореја достигнаа денес највисоко ниво во повеќе од три децении.

EPA-EFE

Двете страни лансираа ракети во морето преку линијата за демаркација, додека Северна Кореја испука повеќе стотина парчиња артилериска муниција во демилитаризираната зона.

Размената на огнот почна денес со тоа што Северна Кореја лансираше најмалку 23 проектили во морето, од кои една слета на помалку од 60 километри од брегот на Јужна Кореја, што предизвика огласување на сирените за воздушен напад во Јужна Кореја за првпат по неколку години.

Спорниот проектил не паднал во територијалните води, туку во ексклузивната економска зона на Јужна Кореја, но ја преминал северната гранична линија, спорната поморска линија на разграничување меѓу двете Кореи.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол најави „брз и цврст одговор“ на провокацијата од Северна Кореја и нареди возвратен оган. Авиони на јужнокорејските воздухопловни сили испукаа три наведувани ракети воздух-земја во морето северно од северната гранична линија. Според официјални извори, станувало збор за прецизни крстосувачки ракети АГМ-84Х/К со дострел до 270 километри.

„Претседател ја сфати денешната севернокорејска провокација како чин на упад на проектил на територијата, пробивајќи ја граничната линија за првпат од расцепувањето“, соопшти кабинетот на Јун Сук Јеол.

Северна Кореја испука повеќе од 100 парчиња артилериска муниција од позиции на источниот брег на земјата во демилитаризираната зона, кршејќи го договорот од 2018 во кој Пјонгјанг и Сеул се сложија да не спроведуваат непријателски дејства во пограничните области.

Размената на огнот се случи поради заедничките американско-јужнокорејски воени маневри, наречени „Внимателна бура“, која почна во понеделникот. Во рамки на заедничките вежби учествуваат стотици воени авиони кои симулираат напади 24 часа на ден.

Само неколку часа откако Северна Кореја ги испука своите ракети, Пјонгјанг побара Вашингтон и Сеул да ги прекинат вежбите, предупредувајќи дека „военото насилство и провокациите повеќе не можат да се толерираат“.

„Неконтролираните движења на непријателските сили кон воен конфликт создадоа смртоносно сериозна ситуација на Корејскиот Полуостров“, порача Пак Џонг Чон, секретар на Централниот комитет на Севернокорејската работничка партија.

Тој истакна дека дури и називот на вежбата личи на „Пустинска бура“ и кажа дека бројот на вклучени летала докажува дека вежбата е агресивна и провокативна.

Пјонгјанг годинава испука рекорден број проектили – дури 56, речиси двојно повеќе од 2019 година, кога беа испукани највеќе ракети во која било година од 1985. Извори во Вашингтон и Сеул тврдат дека Пјонгјанг ги завршил сите подготовки за спроведување нов нуклеарен тест, прв по 2017 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе