Поднесена од 660 адвокати

Кривична пријава против јапонскиот премиер поради цреши

Околу 660 адвокати и правни експерти поднеле кривична пријава против премиерот на Јапонија и двајца негови соработници.

Кривичната пријава е поднесена за кршење на законот за избори и финансирање, објави новинската агенција Кјодо.

Во обвинението се тврди дека Шинзо Абе и неговите соработници во 2018 година го прекршиле законот за избори, кога кабинетот на премиерот делумно го финансирал доаѓањето на нивните приврзаници на годишната прослава по повод цветањето на црешите, одржана во хотел во Токио.

Се претпоставува дека премиерот сакал да ја зајакне поддршката од своите приврзаници со тоа што ќе ги покани да присуствуваат на забавата, без самиот да плати за тоа, се наведува во обвинението. Исто така, наведено е дека околу 800 гости на оваа манифестација, а меѓу нив и многумина поддржувачи на Абе, платиле 5.000 јени (46 американски долари) за да можат да присуствуваат на прославата, иако влезот на вакви настани обично чини 11.000 јени.

Абе и неговите двајца соработници се обвинети дека по околу 6.000 јени по учесник покриле од јавни средства, се наведува во обвинението.

Премиерот и неговите соработници се обвинети и поради тоа што не ја навеле оваа прослава во извештајот за политичко финансирање доставен до владата, со што е прекршен законот за контрола на финансирањето на политичките активности.

Абе ги негираше обвинувањата пред парламентот, а во своја одбрана изјави дека хотелот ја одредил цената за учество во настанот.

Поради критиките дека повикал стотици свои приврзаници да го прослават цветањето на црешите, Абе решил оваа година да го откаже настанот.

Прославата се одржува од 1952 година и со неа им се оддава чест на некои заслужни граѓани за нивните успеси, како спортисти и славни личности.

Гостите се избираат врз основа на препораки од политичарите, а за време на Абе бројот на гостите и износот потрошен за прославата се зголемиле.

Окружното обвинителство треба да утврди дали обвинението ќе биде прифатено.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе