Критики за Бајден зашто гледаше во часовникот за време на оддавањето почит до паднатите војници (ВИДЕО)

Конзервативците и воените ветерани го критикуваа американскиот претседател Џозеф Бајден затоа што, како што рекоа, гледал во часовникот додека им оддаваше почит на загинатите американски војници чии тела беа вратени во САД во четвртокот вечерта преку воздухопловната база Довер во Делавер.

Фото: ЕПА

Бајден се сретна со членовите на семејствата на маринците убиени во терористичкиот напад во Кабул, а присуствуваше и на „достоинствениот превоз“ на загинатите војници, што претставува воен ритуал за преземање на посмртните останки на загинатите во битка, објави Фокс њуз.

Меѓутоа, за време на церемонијата, изгледаше како Бајден да гледа во часовникот, што предизвика критики од конзервативците.

„Точно е. Бајден на аеродромот гледаше во часовникот за време на достоинствениот превоз на убиените во Авганистан. Можете да го видите како го мрда левиот ракав за да го види часовникот, а потоа гледа во часовникот“, порача преку Твитер Николас Фондакаро, новинарски аналитичар за Медиа рисрч центар.

Поранешниот гувернер на Арканзас републиканецот Мајк Хакаби потсети на ситуацијата кога Џорџ Херберт Вокер Буш (1924-2018) гледаше во часовникот за време на дебата и како „сето тоа изгледаше ужасно“ во тоа време.

„Меѓутоа, ова е шокантно и ќе се памети“, напиша Хакаби на Твитер, објавувајќи видео од Бајден.

Воениот ветеран што се бореше во операцијата Пустинска бура Семјуел Вилијамс исто така го критикуваше Бајден.

„Се чинеше дека му е непријатно што мора да покаже почит кон тие американски херои“, рече Вилијамс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе