Критики на сметка на новиот претседател на Украина – „тој е само марионета на олигарх“

Првите именувања на новиот претседател на Украина, Володимир Зеленски наидоа на критики во Украина, некои го прогласија за нелегално неговото именување на шефот на кабинетот.

Зеленски за шеф на својот кабинет го назначи Андриј Богдан, еден од лидерите на неговата кампања, но исто така до сега и адвокат на олигархот Игор Коломојски.

За време на кампањата, критичарите на Зеленски велеа дека тој е само „марионета“ на олигархот кој се врати во Украина непосредно пред инаугурацијата по речиси две години во егзил. Зеленски секогаш тоа одлучно го негира, изјавувајќи дека нема никакви политички врски со тој човек.

Коломојски е обвинет дека извлекол 5,5 милијарди долари од најголемата банка во земјата Приватбанк. Коломојски води правна битка против украинската влада поради национализацијата на Приватбанк во текот на 2016 година. Коломојски тврди дека преземањето на банката било политички мотивирано и неоправдано.

На правен план именувањето на Богдан, кој имал државна функција за време на соборениот про-руски претседател Виктор Јанукович, некои го сметаат за кршење на законот кој забранува кадарот на режимот на Јанукович да обавува јавни функции.

„Зеленски го прекрши законот“, критикуваше преку Фејсбук пратеникот Егор Собољев, кој досега силно беше наклонет кон новиот шеф на државата. Друга критичарка Тетјана Козаченко исто така преку Фејсбук напиша дека претседателот „се става над законот и на целата земја ѝ го покажува својот став кон владеењето на правото“.

Еден влијателен весник пишува дека специјалниот пратеник на Вашингтон за Украина Курт Волкер силно го одвраќал новиот претседател во телефонски разговор од назначувањето на Богдан поради поврзаноста со олигархот.

Зеленски исто така е критикуван бидејќи денес го поништи указот за назначување на заменичката на министерот за надворешни работи Олена Зеркал за помошничка на шефот на неговата администрација.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе