Мајката на основачот на Викиликс

Кристин Асанж: Синот ми го убиваат бавно, сурово и незаконски

Кристин Асанж, мајката на 48-годишниот основач на Викиликс, изјави дека владите на Велика Британија и САД го „убиваат“ нејзиниот син поради тоа ги разоткри злосторствата и корупцијата.

„Мојот син Џулијан Асанж бавно, сурово и нелегално го убиваат владите на Соединетите Држави и на Велика Британија, поради повеќекратно наградуваното новинарство што разоткрива воени злосторства и корупција“, напиша Кристин Асанж на својот профил на Твитер.

Под таа објава, таа ја додаде објавата на Викиликс, односно извештајот на известувачот на ООН за тортура и мачење, кој повика да се прекине „колективниот прогон“ на Асанж.

Известувачот наведе дека во својата 20-годишна работа никогаш не видел група демократски држави да се здружат и заедно намерно да изолираат, демонизираат и малтретираат поединец толку долго, без никакво почитување на човековото достоинство и владеењето на правото.

Основачот на Викиликс во моментов е во затвор во Лондон, откако по речиси седум години беше уапсен во еквадорската амбасада во тој град.

Сите што го посетија рекоа дека неговото здравје е лошо, пренесе Раша тудеј цитирајќи го новинарот Џон Пилџер, кој минатата недела го посети и рече дека неговата состојба се влошува и дека го третираат полошо од убиец.

Во моментов, на Асанж му се заканува екстрадиција во Соединетите Држави, каде што се товари за поседување и ширење доверливи информации, а, доколку биде прогласен за виновен, може да биде осуден и на 175 години затвор.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе