Кремљ: Западот води војна против Русија

Противниците на земјата ни ги „украдоа“ парите и ги користат украинските посредници за да нѐ повредат, рече портпаролот на Кремљ.

Фото: ЕПА

Кремљ денеска го обвини Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија.

Западните сили што ѝ се спротивставуваат на Русија во Украина би можеле да се сметаат за непријатели што водат војна против државата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на образовен форум во близина на Москва.

Тој истакна дека економските санкции, вооружувањето на „украинските националисти“ и давањето разузнавачки податоци за напад врз руските војници, сето тоа се „акти на војна“.

Песков кажа дека неговата земја го доживува „моментот на вистината“, поради што Русија мора да биде способна да ги штити своите интереси. 

„Секоја војна завршува со мир. И овој мир ќе биде тој во кој се слуша нашиот глас“, нагласи Песков. 

Претседателот Владимир Путин претходно западните санкции ги нарече економски „блицкриг“, додека инвазијата на Украина сѐ уште ја нарекува „специјална воена операција“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе