Кремљ за шпионскиот скандал: „Ништо не може да ги раздвои Србија и Русија“

Кремљ денес, по повод објавувањето на снимката на која руски разузнавач и наводно српски функционер, порача дека „никакви скандали“ не можат да влијаат врз односите на Русија и Србија, објави Спутник на српски јазик.

„Односите на Русија и Србија се толку посебни што никакви скандали со наводно врбување српски функционер од страна на војската на Русија не можат да влијаат врз нив“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

„Прво, не знаеме каков е тоа инцидент и тоа допрва треба да се утврди. Тоа не е прашање на претседателската администрација, но сигурен сум дека односите на Русија и Србија се толку посебни, партнерски, братски, сојузнички што на тоа ништо не може да влијае“, го пренесува Спутник одговорот на Песков на прашањето за тоа ќе влијае ли овој инцидент на понатамошните односи на двете држави.

Околу снимката, чие објавување српските медиуми го нарекоа „шпионска афера“, истрага од воено-безбедносните и контраразузнавачките служби побара српскиот претседател Александар Вучиќ како врховен воен командант, а денес ќе заседава и српскиот совет за национална безбедност.

Денес претпладне Вучиќ се сретна со рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан Харченко, но од кабинетот на српскиот претседател беше најавено дека за разговорот јавноста ќе биде информирана во текот на денот.

Во соопштението е објавено само дека една од темите на состанокот била подготовката на работната посета на српскиот претседател на Руската Федерација на 4 декември и неговиот разговор со шефот на руската држава.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе