Кремљ за падот на продажбата на гас на Европа: „Постојат региони кои се развиваат многу побрзо од Европа“

Кремљ денес ја намали важноста на падот на продажбата на гас на европските земји, порачувајќи дека има други земји кои се спремни да ги купуваат руските енергенси.

EPA-EFE

Во одговор на новинарското прашање за иднината на извозот на гас во Европа, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека Русија ќе ги надомести загубите настанати со падот на продажбата на гас на Европа со продажба на други држави.

„Европа не е единствениот консумент на природен гас ниту е единствениот континент на кој му треба гас. Постојат региони кои се развиваат многу побрзо, тие можат да ја компензираат намалената побарувачка за руски гас во Европа“, кажа Песков.

Пред почетокот на руската инвазија на Украина, некои европски земји своите потреби за гас ги покриваа исклучиво со руски гас. Но од почетокот на војната дел од европските земји драстично го намалија увозот на руски гас, а самата Русија ги секна испораките.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе