Кремљ верува дека СЗО ќе го одобри Спутник V во следните месеци

Во Кремљ се уверени дека Светската здравствена организација (СЗО) во следните неколку месеци ќе го одобри Спутник V, руската вакцина против ковид-19, ја пренесе агенцијата Интерфакс изјавата на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

EPA-EFE

Москва во вторникот призна дека на СЗО сè уште не му ја предала целосната документација потребна за одобрување на вакцината поради разликите во регулативниот стандард.

„Цврсто верувам дека СЗО за неколку месеци ќе го одобри Спутник, тогаш ќе можеме со Европејците да ја продолжиме борбата против вирусот“, кажа Песков.

СЗО очекува сите важни документи да бидат доставени до крајот на годината, изјави портпаролот на здравствената агенција на ОН Тарик Јашаревиќ за агенцијата РИА Новости.

Во документарецот за пандемијата на ковид-19, емитуван на државната телевизија Русија 1, Песков изјави дека смртноста во Русија била многу висока. Го опиша тоа како трагедија која особено ги окупирала претседателот Владимир Путин и неговата влада.

Во Русија денес беа пријавени 1.023 смртни случаи од ковид. Русија е на третото место во светот по вкупниот број смртни случаи, а според пресметката на Ројтерс поголема смртност имаат само Бразил и САД.

Песков луѓето кои одбиваат да се вакцинираат ги опиша како „опасни будали“, пренесува ТАСС. Тој додаде дека меѓу починатите за жал има и членови на претседателската администрација и членови на нивните семејства, но истакна дека претседателот Путин не е во опасност од зараза.

Кажа дека Путин е вакциниран два пати, а ја прими и пробната назална вакцина во спреј на Спутник.

„Околу него има доволен број доктори и експерти кои се грижат за неговата епидемиолошка безбедност“, кажа Песков.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе