Кремљ: Суспендирањето на мисијата во НАТО е доказ за отсуството на какви било односи

Официјален Кремљ соопшти денес дека одлуката на Русија да ја прекине работата на својата дипломатска мисија во НАТО во знак на одмазда за протерувањето на осум Руси обвинети за шпионирање, е признавање на фактот дека Москва нема односи со воениот пакт.

EPA-EFE

„Ситуацијата која фактички постоеше сега е официјално легализирана. Нема да патиме поради тоа“, им кажа на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Русија соопшти вчера дека ќе ги суспендира активностите на својата мисија во НАТО и дека ќе прекине со работа канцеларијата на воената мисија на Алијансата во Москва, а на персоналот ќе им бидат одземени акредитациите од 1 ноември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе