„Се разбира, ние сметаме на континуитет на нашите билатерални односи. Имаме интерес овие односи да продолжат да се развиваат“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
Според прелиминарните официјални резултати објавени во понеделникот, кои ги потврдија проекциите, Социјалдемократска партија на Германија (СПД) и нивниот лидер Олаф Шолц освоија 25,7 проценти од гласовите, незначително пред конзервативната унија ЦДУ-ЦСУ на Армин Лашет која забележа историски минимум со 24, 1 процент од гласовите. На трето место се Зелените со околу 14,8 проценти, потоа либералите ФДП со 11,5 проценти од гласовите.