„Имаме интерес овие односи да продолжат да се развиваат“

Кремљ сака континуитет во односите со Берлин

Кремљ соопшти денес дека се надева на „континуитет" во односите со Берлин еден ден по парламентарните избори во Германија, по што се очекуваат тешки преговори за одредување на идниот канцелар на местото на Ангела Меркел, која заминува во политичка пензија.

Фото: ЕПА

„Се разбира, ние сметаме на континуитет на нашите билатерални односи. Имаме интерес овие односи да продолжат да се развиваат“, изјави за новинарите портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Според прелиминарните официјални резултати објавени во понеделникот, кои ги потврдија проекциите, Социјалдемократска партија на Германија (СПД) и нивниот лидер Олаф Шолц освоија 25,7 проценти од гласовите, незначително пред конзервативната унија ЦДУ-ЦСУ на Армин Лашет која забележа историски минимум со 24, 1 процент од гласовите. На трето место се Зелените со околу 14,8 проценти, потоа либералите ФДП со 11,5 проценти од гласовите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе