Администрацијата на Доналд Трамп планира да усвои нов пакет санкции насочени кон сопирање на гасоводниот проект, јави претходно Ројтерс, повикувајќи се на информирани извори.
На прашањето дали Соединетите Американски Држави имаат реални механизми да го сопрат проектот, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин Дмитриј Песков порача дека не може да гледа во иднината и потсети дека Европа е заинтересирана за довршување на изградбата.
Северен тек 2 предвидува изградба на два крака на гасоводот со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од рускиот брег на Балтичкото Море до Германија.
На проектот активно се противат Соединетите Држави, кои сакаат да ѝ го продаваат својот поскап течен гас на Европа, како и Полска, Украина и балтичките земји.