Кремљ: Русија внимателно ја следи кандидатурата на Украина за влез во НАТО

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека Москва внимателно ја следи ситуацијата околу кандидатурата на Украина за придружување на НАТО.

EPA-EFE

Како што јавува руската државна агенција ТАСС, Песков кажа дека тежнеењето на Украина да се придружи на западниот воен пакт била една од причините за руската специјална воена операција.

„Многу внимателно ја следиме оваа одлука. И се сеќаваме дека токму НАТО насоката на Украина и потврдата на идно членство на Украина во НАТО беше една од причините за специјалната воена операција“, кажа Песков.

Песков на новинарите им кажа дека земјите од НАТО покажале различни реакции на желбата на Киев.

„Таму има земји кои ја поддржуваат таа опција за забрзан пристап, има земји кои не ја поддржуваат. Во секој случај, сите се повикуваат на правилото на консензус“, ја коментираше Песков ситуацијата.

Минатиот петок украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша барање за забрзан влез на Украина во НАТО, по што официјален Вашингтон веднаш порача дека барањето е избрзано.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе