Кремљ: Русија сè уште нема добиено барање од Зеленски да разговара со Путин

Русија сè уште не добила барање претседателот Владимир Путин да учествува во телефонски разговор со својот украински колега Володимир Зеленски, соопшти Кремљ.

Фото: ЕПА

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека не е исклучена можна средба меѓу двајцата лидери.

Зеленски постојано повикуваше на разговори еден на еден со Путин, велејќи дека тоа ќе биде единствениот начин да ѝ се стави крај на војната.

Песков вчера изјави и дека не се разговарало за можна средба меѓу Путин и американскиот претседател Џо Бајден, јавуваат руските медиуми.

Неколку дена пред руските трупи да ја нападнат Украина, Белата куќа навести дека за секој таков самит прво ќе биде потребна деескалација од страна на Путин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе