Прв телефонски разговор

Кремљ: Путин и Зеленски разговараа за украинскиот конфликт

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински Колега Володимир Зеленски разговарале за конфликтот на истокот на Украина во првиот телефонски разговор, соопшти синоќа Кремљ.

Тие разговарале и за прашањата повразни за решавање на конфликтот на југоистокот на Украина и соработката за враќање на заробениците од двете страни, соопшти Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ.

Новиот шеф на украинската држава, избран во април, предложи во понеделникот средба со Путин во обид да се реши кризата меѓу двете земји. Тој предложи и разговор во кој би учествувале лидерите на САД и Британија.

Песков истакна дека двајцата претседатели разговарале за можноста за продолжување на контактите во облик на форматот на Нормандиската четворка. Тој дипломатски формат од 2014 година ги собира претставниците на Париз, Москва, Киев и Берлин за прашањето на конфликтот во Украина.

Руските медиуми пренесуваат дека Путин кажал дека никогаш не ги одбил понудените формати за дијалог, вклучувајќи и можно проширување на разговорот со претставници од други земји.

Односите меѓу Украина и Русија се прилично влошени од проевропскиот државен удар во Украина во зимата 2013-2014 по што тогашниот украински претседател Виктор Јанукович пребегна во Русија.

По доаѓањето на власт на прозападните сили следеше руското припојување на Крим и изби оружен судир меѓу украинските трупи и проруските бунтовници на истокот на Украина, во кој досега загинаа речиси 13.000 луѓе.

Киев и Западот ја обвинуваат Москва дека воено ги поддржува бунтовниците, што Кремљ го негира.

Со договорите од Минск потпишани во 2015 година со посредување на Германија и Франција беше овозможено значително смирување на конфликтот, но насилства сѐ уште повремено избиваат.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе