Кремљ: Путин и Зеленски разговараа за идна средба, смирување на конфликтот во Украина

Претседателите на Украина и Русија имаа телефонски разговор по исклучително важната размена на заробеници меѓу двете земји, разговаа за граѓанскиот конфликт во источна Украина и за мерките за негово смирување, соопшти Кремљ, а пренесуваат руските агенции.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски разговараа доцна синоќа, дискутирајќи ја размената која се случи претходно во текот на денот. Двајцата лидери го истакнаа хуманитарниот карактер на размената во која беа вклучени 35 луѓе од секоја страна.

Двајцата се согласија дека размената е важен чекор кон поправање на односите меѓу двете земји, соопшти Кремљ. Путин и Зеленски дискутирале и за можностите за решавање на кризата во Украина и за решавање на долгиот конфликт меѓу Киев и одметнатите републики Доњецк и Луганск.

Двајцата претседатели разговараа за можноста за нова средба од форматот на Нормандиската четворка, во која се вклучени лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија. Таквиот настан би требало да биде темелно подготвен за да може да донесе резултати кои би значеле вистинско имплементирање на Миските договори, истакнаа двајцата.

Договорите, кои беа потпишани во 2015 година, ги мапираа чекорите кои треба да се преземат за да се сопре крвопролевањето во источна Украина и реинтеграција на двете одметнати републики, но не беа ефективно спроведени.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе