„Со посредување на престолонаследникот на Саудиска Арабија“

Кремљ: Путин е задоволен по размената на заробеници со Украина

Претседателот на Русија Владимир Путин и престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман изразија „задоволство“ по размената на заробеници со Украина, со посредување на Ријад.

EPA-EFE

Двајцата лидери во телефонски разговор синоќа изразиле „задоволство во врска со префрлањето во Саудиска Арабија на странските државјани воени заробеници кое е извршено со лично посредување на престолонаследникот“, соопшти Кремљ.

Киев во средата соопшти дека вратиле 215 украински и странски борци во размена со Москва, која вратила 55 руски заробеници, вклучувајќи го поранешниот пратеник Виктор Медведчук, близок соработник на Путин обвинет за велепредавство од страна на Киев.

Десет воени заробеници од неколку земји вклучувајќи ги САД, Британија и Хрватска се префрлени вчера од Русија во Саудиска Арабија, во рамки на размената на заробеници на Москва и Киев, објави вчера саудиското министерство за надворешни работи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе