Кремљ: Прекинот на испораките на гас е последица на незапаметените непријателски акции против Русија

Прекинот на снабдувањето со руски гас на Бугарија и на Полска поради тоа што не платиле во рубли, како што се бараше, е последица на незапаметените непријателски акции против Русија, објави денес Кремљ.

EPA-EFE

„Поставените услови се дел од новиот начин на плаќање, разработен по незапаметените непријателски акции на економски и финансиски план“ по руската воена операција во Украина, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој кажа дека Русија морала да разработи нов начин на плаќање по „кражбата на голем дел од руските резерви“, мислејќи на замрзнувањето на руските девизни резерви од страна на Западот.

„Ова не е уцена“, додаде Песков, реагирајќи на обвинувањата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави минатиот месец дека Русија ќе прифаќа плаќање на испорачаниот гас исклучиво во рубли, како одговор на санкциите воведени за да се казни нападот на Русија на Украина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе