Кремљ предупреди да не се носат „избрзани заклучоци“ за нападите во Саудиска Арабија

Русија денеска ги повика државите од Блискиот Исток и надвор од регионот да не извлекуваат „избрзани заклучоци“ за тоа кој ги организирал нападите врз саудиските нафтени објекти.

Висок американски официјален претставник претходно изјави дека доказите за нападот врз најголемиот светски објект за преработка на нафта посочуваат дека Иран стои зад него, наместо јеменските хути, кои ја презедоа одговорноста.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во неделата рече дека Соединетите Држави се „комплетно подготвени“ за потенцијален одговор на нападот врз нафтените објекти на Саудиска Арабија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, запрашан за американската изјава, рече: „Имаме негативен став кон зголемувањето на тензиите во регионот и ги повикуваме сите земји во регионот и надвор од него да избегнуваат какви било избрзани чекори или заклучоци што можат да ја продлабочат дестабилизацијата“.

Денеска и Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека верува оти размената на напади врз цивилни цели е „директна последица од тековната остра воена и политичка криза во Јемен“.

„Веруваме дека е контрапродуктивно да се користи она што се случи за да се зголемат тензиите околу Иран на линија на добропознатата американска политика“, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Идеите за тешки одмазднички активности, за кои се чини дека се дискутирало во Вашингтон, се уште понеприфатливи“.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе