Русија

Кремљ потврди: еден заразен со коронавирус во администрацијата на Путин

Кремљ во петокот го потврди првиот познат случај на коронавирус во претседателската администрација, велејќи дека службеникот немал никаков контакт со рускиот претседател Владимир Путин.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ја потврди веста пред новинарите еден ден откако руските медиуми објавија дека резултатите на тестовите за ковид-19 на најмалку двајца официјални претставници на Кремљ можеби се позитивни.

„Можам да потврдам еден случај. Не знам за вториот“, рекол Песков, пренесе Интерфакс.

Песков одбил да го идентификува официјалниот претставник на Кремљ чии тестови излегле позитивни на ковид-19, повикувајќи се на руските закони за приватност, јави државната новинска агенција ТАСС. Тој не кажа кога или дали првиот пациент со коронавирус на Кремљ имал контакт со Путин.

ТАСС соопшти дека според непотврдени информации, заразеното лице може да е службеник за државни награди што присуствувал на Путиновата церемонија на претседателски награди откако се вратил од Шпанија.

Службеник што работи за шефот на рускиот владин кабинет, исто така, позитивно бил тестиран за коронавирус и оттогаш е ставен во карантин, објави во четвртокот веб-сајтот Медуза.

Долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, со 450 пратеници, рече дека ќе бара од сите нив да се тестираат за коронавирус следниот понеделник.

Бројот на случаите на коронавирус во Русија денеска достигна 1.036, откако официјалната дневна стапка во земјата рекордно се зголеми трет ден по ред.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе