„Насоката не се смени, специјалната воена операција продолжува и ќе трае сè додека не ги оствариме поставените цели“, кажа Песков и додаде: „Повеќе пати повторивме дека остануваме отворени тие цели да ги постигнеме со преговори“.
Тој истакна дека и покрај отвореноста на Кремљ за преговори не гледа можност за разговори со Западот во блиска иднина поради непријателскиот став кон Русија.
„За разговор се потребни две страни, а Западот сега зазема многу, многу непријателски став кон нас, така што не сметам дека какви било разговори ќе бидат можни во блиска иднина“, кажа Песков.