Кремљ откри што му кажал Путин на Тачи

Рускиот претседател Владимир Путин кратко разговараше со претседателот на Косово Хашим Тачи во Париз, потврди Кремљ.

Тој му укажал на Тачи дека Приштина треба да постигне консензус со Белград и кажал дека Русија ќе ја поддржи заедничката одлука на Белград и Приштина, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Тоа не беше класична средба. Тоа беше разговор на маргините на настанот. Путин разговараше со голем број учесници на церемонијата која беше одржана во Париз во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна. Тачи беше еден од нив. Тие навистина си пружија рака и се фотографираа“, кажа Песков, коментирајќи ги информациите за средбата.

„Нормално, Путин истакна дека е потребно пред сѐ да се најде консензус со Србија. Тоа е главното. И секако, тој кажа дека ќе го поддржиме договорот до кој ќе дојдат самите страни. Поинаку не може да биде“, заклучи портпаролот на рускиот претседател.

Хашим Тачи по церемонијата во Париз соопшти дека на рускиот претседател Владимир Путин на средбата му кажа дека не се „ни пријатели ни непријатели“, а дека Путин наводно кажал дека „промената на рускиот став кон Косово е чувствително прашање“. РТК2 на српски јазик пренесе дека Тачи оценил дека „средбата со Путин му недостигала на Косово на меѓународната сцена“ и дека тоа е „големо достигнување“ и чекор за косовската дипломатија.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе