„Тешко дека Европскиот суд за човекови права има некои полномоштва, технолошки можности за да има информација за тоа“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, коментирајќи ја одлуката на судот во Стразбур.
На прашањето дали е Кремљ спремен да се сложи со пресудата, тој кажа дека „не е спремен да ја уважи таквата одлука“.
Европскиот суд за човекови права заклучи денес дека Русија е „одговорна“ за убиството на поранешниот шпион Литвиненко, отруен со полониум-210 во Британија во 2006 година.
Во соопштението судот оцени дека постои „силна претпоставка“ дека извршителите на труењето, именувани во текот на британската истрага, дејствувале како агенти за руската држава.
Судот наведе и дека Москва не дала „задоволувачки и убедливи“ алтернативни објаснувања ниту ги „оспорила заклучоците на британската јавна истрага“.
Русија е осудена да ѝ плати 100.000 евра на име „морална отштета“ на вдовицата на Литвиненко што е прилично висока сума за тој суд.