Кремљ: Одлуката на Европскиот суд за човекови права е неаргументирана, ги немаат сите информации

Кремљ денес оцени дека одлуката на Европскиот суд за човекови права дека Русија е виновна за смртта на поранешниот соработник на Федералната служба за безбедност Александар Литвиненко е неаргументирана, бидејќи судот ги нема сите информации за тој случај.

EPA-EFE

„Тешко дека Европскиот суд за човекови права има некои полномоштва, технолошки можности за да има информација за тоа“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, коментирајќи ја одлуката на судот во Стразбур.

На прашањето дали е Кремљ спремен да се сложи со пресудата, тој кажа дека „не е спремен да ја уважи таквата одлука“.

Европскиот суд за човекови права заклучи денес дека Русија е „одговорна“ за убиството на поранешниот шпион Литвиненко, отруен со полониум-210 во Британија во 2006 година.

Во соопштението судот оцени дека постои „силна претпоставка“ дека извршителите на труењето, именувани во текот на британската истрага, дејствувале како агенти за руската држава.

Судот наведе и дека Москва не дала „задоволувачки и убедливи“ алтернативни објаснувања ниту ги „оспорила заклучоците на британската јавна истрага“.

Русија е осудена да ѝ плати 100.000 евра на име „морална отштета“ на вдовицата на Литвиненко што е прилично висока сума за тој суд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе