„Специјалната воена операција продолжува и оди понатаму“, кажа Песков на редовниот референдум за новинарите.
Четирите окупирани или делумно окупирани региони (Херсон, Доњецк, Луганск и Запорожје) одржаа референдуми за припојување кон Русија. Украина и западните земји ги отфрлија како незаконски и руска претстава за домашната јавност, порачувајќи дека нема да ги признаат.
На новинарското прашање што ќе се случи кога проруските лидери на тие четири региони ќе ги потпишат документите за припојување, односно дали руската погранична стража ќе биде испратена да ги чува новите граници, Песков одби да одговори, кажувајќи дека „Кремљ за тоа навремено ќе ја информира јавноста“.
На прашањето дали Русија ќе смета дека воените цели се остварени кога тие четири региони ќе бидат формално припоени кон Русија, Песков кажа дека „целата територија на Доњецката Народна Република сè уште не е ослободена“.
„Минималниот услов е целата територија на Доњецката Народна Република да биде ослободена“, кажа Песков.