Станува збор пред сè за сообраќајниот сектор, земјоделството, финансиите и градежништвото, како и за туристичкиот сектор.
Од политичка страна, тие ја истакнале „клучната важност на искрените, отворени односи полни со доверба меѓу Русија и Турција за да се обезбеди регионална и меѓународна стабилност“, се истакнува.
На почетокот на средбата во Сочи Путин му се заблагодарил на Ердоган за неговите напори кои овозможија да се постигне договор меѓу Москва и Киев за извозот на украинските житарки од пристаништата на Црното Море.
„Благодарение на вашето директно учество и посредништвото на генералниот секретар на ОН, проблемот околу извозот на украинските житарки од црноморските пристаништа е решен. Испораките веќе тргнаа и на тоа ви благодарам“, кажа Путин.
Путин и Ердоган потврдија дека се решени да соработуваат и во борбата против сите терористички организации во Сирија, пренесува Ројтерс.