Кремљ: Обидите на Украина да ги врати териториите на Донбас по присоединувањето ќе се сметаат за напади на Русија

Обидите на Украина да ги врати териториите на Донбас по присоединувањето со Русија ќе се сметаат за напади на земјата во согласност со рускиот устав, кажа денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

EPA-EFE

„Несомнено. Уставот на Руската Федерација веднаш ќе стапи на сила во однос на овие територии, каде сè е јасно поставено околу тоа прашање“, одговори тој на новинарско прашање.

Според него, релевантните одредби на рускиот устав ќе бидат на сила од моментот кога републиките ќе се присоединат со Русија.

Гласањето на референдумот за припојување кон Русија почна утринава во регионите на Украина под контрола на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин ја призна самопрогласената независност на Доњецка Народна Република  (ДНР) и Луганска Народна Република (ЛНР) непосредно пред почетокот на офанзивата на Украина.

Доколку на референдумите се одлучи за припојување на териториите на Донбас кон Русија, процесот на придружување ќе се одвива доволно брзо и во целосна согласност со руското законодавство, кажа Песков.

Претставници на Думата најавија дека следниот ден по завршувањето на референдумот рускиот парламент ќе гласа за присоединување на тие украински области на Русија.

Од териториите на Донбас во Русија, според податоците на Обединетите нации се преселени 2,7 милиони луѓе.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова кажа претходно дека Русија примила речиси четири милиони жители на Донбас.

Претходно беше соопштено дека граѓаните кои ги напуштиле овие територии ќе можат да гласаат на територијата на Русија, а руската Централна изборна комисија вети дека ќе го овозможи тоа.

Претседателот на Русија Владимир Путин вети дека ќе помогне во безбедното одржување на референдумот и признавањето на резултатите на гласањето.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе