Кремљ: Нови санкции против Русија би го избришале „духот од Женева“

Воведување нови американски санкции би било најлошото можно сценарио за односите меѓу Русија и САД, со што би се „избришал духот од Женева“, кажа денес портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

EPA-EFE

Во Женева летоска се сретнаа претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави, Владимир Путин и Џо Бајден, што беше нивна прва средба откако Бајден стана претседател на Америка.

Песков го коментираше предлог законот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со кој САД би ѝ вовеле нови санкции на Москва.

„Законот допрва треба да мине неколку дискусии, а потоа, се поставува прашањето дали американската администрација ќе ги послуша препораките кои се однесуваат на санкциите. Секако, тоа би било најлошото можно сценарио за нашите односи. Би се избришал духот од Женева и секој зрак надеж за продолжување на темелниот дијалог кој се појави по средбата во Женева“, истакна Песков.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе