Кремљ: Неприфатливи се обидите на ФБИ и ЦИА да регрутираат персонал од нашата амбасада во Вашингтон

Кремљ во понеделникот соопшти дека пријавените обиди на американското ФБИ и ЦИА да регрутираат персонал од амбасадата во Вашингтон се неприфатливи.

Фото: ЕПА

Рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, за државните медиуми изјави дека вработените во амбасадата добиле закани со физичко насилство и дека често биле вознемирувани во околината на Амбасадата и убедувани да работат за Федералното истражно биро или Централната разузнавачка агенција, пренесе Ројтерс.

„Ја споделуваме загриженоста на шефот на нашата дипломатска мисија во Соединетите Држави поради навистина прилично дрското однесување на американските разузнавачки агенции во однос на нашите граѓани и со вработените во нашата мисија“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сметаме дека тоа е неприфатливо.“

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе