Кремљ не очекува конкретни договори на средбата меѓу Путин и Бајден, но „ќе биде корисна“

Не треба да се очекува дека состанокот на рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден во Женева ќе донесе некои конкретни договори, но разговорите сепак ќе бидат корисни, оцени функционер на Кремљ.

Фото: ЕПА

Двајцата лидери се состануваат за прв пат откако Бајден стана претседател, во време кога билатералните односи се на најниско ниво во последните неколку години.

Темите на разговор се нуклеарната безбедност, климатските промени, сајбер-безбедноста и судбината на американските граѓани во руските затвори и на руските државјани во американските затвори, рече Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика.

Двајца лидери ја отворија можноста за размена на затвореници: двајца поранешни американски маринци притворени во Русија за Руси во затворите во САД. Москва, како што рече еден од адвокатите минатата година, сака да го види слободен Виктор Бут, руски трговец со оружје.

Пред состанокот, Ушаков им изјави на новинарите дека ја договорил агендата со советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан.

„Не сум сигурен дека ќе бидат постигнати какви било договори. Јас на тој состанок гледам со практичен оптимизам“, рече Ушаков пред новинарите.

Во март Бајден го нарече Путин „убиец“ и ја обвини Русија за неприфатливо однесување на повеќе фронтови, а исто така ги анализираше и руските „дилеми“ - постсоветскиот економски колапс, потоа преголемото посегнување на Русија во Сирија и проблемите со ковид-19.

Во април тој му се јави на Путин и предложи состанок за решавање на нивните спорови.

Руско-американските односи потонаа по руската анексија на Крим во 2014 година. САД, исто така, ја обвинуваат Русија за мешање во претседателските избори во 2016 година и воведоа санкции за руски компании и поединци.

„Ситуацијата е близу до критична точка. Се разбира, треба да се стори нешто во овој контекст“, рече Ушаков, поранешен амбасадор во САД од 1998 до 2008 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе