Кремљ: Навални е слободен да се врати во Русија, како и секој руски државјанин

Алексеј Навално слободно може да се врати во Русија кога и да сака, соопшти денес Кремљ, еден ден откако рускиот опозициски лидер беше отпуштен од болница, каде што беше лекуван од труење.

EPA-EFE

„Што се однесува до неговото враќање во Москва, тој е слободен, како и секој руски државјанин, да го направи тоа во кој било момент“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесуваат руските агенции.

Четириесет и двегодишниот Навални, најистакнатиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше префрлен во Германија откако му се слоши на 20 август на лет во Русија.

Навални беше држен во индуцирана кома повеќе од две недели и бил лекуван со противотров.

Членовите на неговиот тим го обвинија Кремљ за труење со новичок, нервен агенс од советско време, што руските власти го негираат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе