Кремљ порача дека е сосема свесен дека САД, Британија и други земји од НАТО постојано ѝ даваат разузнавачки податоци на украинската војска.
„Заедно со протокот на оружје кое тие земји ѝ го испраќаат на Украина, сите тие се дејства кои не придонесуваат на брзо завршување на нашата операција“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
„Но, тоа нема да ја спречи Русија да ги постигне своите цели“, истакна Песков.