Кремљ: Макрон е подготвен за дијалог со Путин за ракетниот предлог

Кремљ денес соопшти дека францускиот претседател Емануел Макрон ѝ рекол на Москва дека е подготвен да разговара за рускиот предлог за наметнување мораториум за распоредување ракети во Европа, јави новинската агенција Интерфакс.

Русија предложи мораториум за распоредување на нуклеарните ракети со краток и среден дострел во Европа откако во август формално заврши Договорот за проектили со среден дострел (ИНФ) со кој се забрануваше ваквиот потег, пренесе Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека Макрон и рускиот претседател Владимир Путин може да разговараат за предлогот во Париз на 9 декември, јави новинската агенција ТАСС.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

НАТО и ЕУ требаше да им укажат на своите членки Бугарија и Грција дека тоа што го бараат претставува брутално кршење на човековите права.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе