„Сè уште е избрзано да се зборува конкретно за средба“

Кремљ ќе го разгледа предлогот на Бајден за самит

Кремљ денес соопшти дека ќе го „разгледа“ предлогот за одржување самит кој го изнесе претседателот на САД Џо Бајден во разговор со неговиот руски колега Владимир Путин.

EPA-EFE

„Сè уште е избрзано да се зборува конкретно за средба. Тоа е нов предлог кој ќе биде разгледан“, им кажа на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Како што пишува Франс прес, Москва не го крие задоволството од иницијативата за одржување самит Путин-Бајден по вербалната ескалација.

Од доаѓањето на Бајден во Белата куќа, односите на Москва и Вашингтон се влошија со голема брзина. Рускиот амбасадор во Вашингтон беше отповикан откако Бајден изјави дека го смета Путин за убиец.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе