Кремљ им ја мери температурата на учесниците на собирите на кои присуствува Путин

Кремљ денес соопшти дека систематски ќе им ја мери темепратурата на учесниците на состаноците и собирите на кои присуствува претседателот Владимир Путин како превентивна мерка во борбата против ширењето на новиот вирус од Кина.

„Тоа е мерка на претпазливост“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, откако на новинарите пред еден денешен официјален настан им беше измерена температурата.

Песков кажа дека таа мерка ќе се однесува на сите учесници на настаните на кои е присутен 67-годишниот Путин.

Агенцијата РИА Новости пренесе претходно денес дека на новинарите кои ги покриваат настаните во Кремљ денес им била измерена температурата.

Во Русија се регистрирани два случаи на вирусно запаление на белите дробови. Од почетокот на епидемијата на новиот коронавирус во Кина, Русија презема низа мерки, една од кои е затворање на копнената граница долга 4.250 километри со Кина.

Новата мерка во Кремљ не е изненадувачка. Путин минатата година на вечерата на Г20, групата од 20 индустриски најразвиени земји во светот и земји во развој во Јапонија донесе своја чаша, што предизвика бројни прашања од корисниците на социјалните мрежи.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе