Кремљ: Хаг е антисрпски, ние чекаме повик во Бондстил

Пресудата на Ратко Младиќ е само продолжение на политизираниот и пристрасен курс кој го зазема Трибуналот во Хаг за време на својата работа, порача официјална Москва.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова кажа дека е индикативно тоа што Трибуналот не успеал да најде кривично дело во постапките на „озлогласениот босански воен командант Насер Ориќ“, чии милитанти „се криеле во Сребреница и ја користеле за напади врз српските цивили од 1992 до 1994 година“.

Како што кажа, Трибуналот ги толкува трагичните настани од деведесеттите на „вештачки, едностран и антисрпски начин“ и со тоа ја поткопува обновата на заемната доверба на Балканот.

„Трибуналот е далеку од широко прифатените стандарди кога станува збор за постапката, но и основните човекови права, здравјето и медицинската помош“, кажа Захарова.

Зборувајќи за Србија на редовната прес-конференција, таа кажа дека Кремљ „ги примил“ и пораките кои ги испратил командантот на американските копнени сили во Европа Бен Хоџис за Руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш.

„Тој уште еднаш ги повтори повеќе пати копираните обвинувања дека центарот е наводно некаква фасада. Изрази желба и да го посети центарот. Спремни сме за неговата посета, а очекуваме и САД да одговорат на нашата отвореност и, чисто од куртоазија, да поканат руски и српски претставници во Бондстил на Косово“, кажа Захарова.

Како што кажа, базата Бондстил е формирана во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, но „американските партнери не сакаат да ја обелоденат нејзината вистинска цел“.

„Можеби и тоа е една од причините за медиумската бучава околу центарот во Ниш“, кажа таа.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе