Предлогот на Маск се состоеше од повторување на референдумите во анектираните региони под надзор на ОН и Русија да си замине ако е тоа волја на народот, Крим формално да остане дел од Крим и да се обезбеди негово снабдување со вода, и Украина да остане воено неутрална. Предлогот наиде на гнев кај голем број Украинци.
Потоа Маск на Твитер напиша дека „повеќето Украинци несомнено сакаат да живеат во Украина, но дека делови од земјата на истокот имаат мнозински руска популација и ја преферираат Русија“. Токму таа изјава ја пофали Песков, кажувајќи дека изјавата е „изнесување на фактите“.
Маск подоцна напиша дека: „Очигледно, не секој кој гласал за проруска партија е за припојување кон Русија, но не би било точно да се каже дека никој не е за тоа“.
Украина гневно реагираше на твитовите на американскиот милијардер. Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на предлогот на Маск со своја анкета на Твитер во која ги праша следачите кој Маск повеќе го сакаат – оној кој ја поддржува Украина или оној кој ја поддржува Русија.