Кремљ го поддржа Маск во врска со Украина: „Тој ги кажува фактите“

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, го поддржа основачот на Тесла и Спејсекс, американскиот милијардер Илон Маск, кој неодамна даде свој предлог за крај на војната во Украина.

EPA-EFE

Предлогот на Маск се состоеше од повторување на референдумите во анектираните региони под надзор на ОН и Русија да си замине ако е тоа волја на народот, Крим формално да остане дел од Крим и да се обезбеди негово снабдување со вода, и Украина да остане воено неутрална. Предлогот наиде на гнев кај голем број Украинци.

Потоа Маск на Твитер напиша дека „повеќето Украинци несомнено сакаат да живеат во Украина, но дека делови од земјата на истокот имаат мнозински руска популација и ја преферираат Русија“. Токму таа изјава ја пофали Песков, кажувајќи дека изјавата е „изнесување на фактите“.

Маск подоцна напиша дека: „Очигледно, не секој кој гласал за проруска партија е за припојување кон Русија, но не би било точно да се каже дека никој не е за тоа“.

Украина гневно реагираше на твитовите на американскиот милијардер. Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на предлогот на Маск со своја анкета на Твитер во која ги праша следачите кој Маск повеќе го сакаат – оној кој ја поддржува Украина или оној кој ја поддржува Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе