Поради санкциите против Русија

Кремљ: Европа ќе ја плати енергијата 400 милијарди долари поскапо

Русија вети дека ќе ги забрза преговорите за зголемување на испораките на гас за Кина и предупреди дека Европа ќе плати висока цена за своето нафтено ембарго против Русија.

Фото: ЕПА

Потпретседателот на руската влада Александар Новак изјави дека повисоките трошоци за енергенти во Европа ќе изнесуваат дополнителни 400 милијарди долари и дека Европа може да се соочи со недостиг на нафтени деривати.

Новак не кажа за кој период се мисли.

Русија во голема мера се потпира на својот извоз на енергија вреден повеќе милијарди долари, додека Европската унија увезува повеќе од половина од својот гас од Русија, што ја прави ранлива на прекини во снабдувањето.

Лидерите на ЕУ договорија ембарго на руската нафта, за кое велат може да го намали рускиот извоз на нафта во Европа за 90 отсто. Новак предвиде дека планот за намалување на увозот на нафта може да доведе до недостиг на нафтени деривати на европскиот пазар.

Говорејќи на водечкиот руски меѓународен економски форум во Санкт Петербург, тој исто така го обвини „лошото планирање на енергетската безбедност“ во САД и Европа за рекордно високите цени на енергентите и зголемената инфлација.

Русија вели дека може да го префрли извозот на енергија од Европа во земји како Кина и Индија за да ги надомести загубите во Европа.

Сепак, Новак рече дека руската енергетска инфраструктура - главно фокусирана на снабдување на нејзините западни соседи - треба да се развие за да се осигура дека цевководите и рутите за снабдување можат да стигнат до новите пазари и да испорачуваат повеќе количини на нафта и гас.

Шефот на рускиот енергетски гигант Газпром, Алексеј Милер изјави дека не гледа решение за проблемот во компресорската станица Портоваја, дел од гасоводот Северен тек 1, со кој се испорачува руски гас до Германија.

Гаспром го намали капацитетот долж гасоводот Северен тек 1 на само 40 отсто од нормалното ниво во последните денови, наведувајќи го како причина одложеното враќање на опремата што ја сервисира германската компанија Сименс во Канада.

Милер рече дека поради санкциите компанијата не може да ја добие назад опремата, додека Германија го отфрли објаснувањето како „неосновано“.

Тој истакна дека компанијата има многу опрема за гасоводот, кој треба да биде подложен на големо одржување следниот месец, и го осуди Сименс дека „молчи“ за ова прашање.

Европските компании, вклучувајќи ги италијанската ЕНИ, австриската ОМВ и германската Унипер, известија во средата и четвртокот за значително намалување на испораките на руски гас.

Кремљ во четвртокот соопшти дека намалувањата во снабдувањето не биле однапред осмислени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе