Кремљ е против вклучување на САД во преговорите со Украина

Русија денес го отфрли предлогот за вклучување на Соединетите Американски Држави во преговорите за решавање на конфликтите меѓу владата во Киев и проруските сепаратисти во источна Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека нема поддршка за идејата Вашингтон да се приклучи на Нормандискиот формат во обидите за решавање на конфликтот. Овој формат ги опфаќа Русија, Украина, Германија и Франција.

Песков, сепак, додаде дека САД би можеле да го искористат своето влијание во Украина, реагирајќи на изјавата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека конфликтот во Украина нема да може да се реши без учество на САД.

„Ставот дека САД на крај мора да се приклучат на форматот (Нормандискиот) нема поддршка“, рече Песков.

„Сепак, САД сигурно можат да го искористат своето влијание во Киев со цел да обезбедат Украина да ги исполни своите обврски од Договорот од Минск што е можно поскоро“, додаде тој, осврнувајќи се на мировниот договор од 2015 година, кој сè уште не е целосно имплементиран.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе