По изјавата на Бајден

Кремљ до Западот: Размислувајте со своја глава. Ова е монструозен фалсификат

Кремљ порача дека вчерашните изјави на американскиот претседател Џо Бајден кој повика на рускиот претседател Владимир Путин да му се суди за воени злосторства се „неприфатливи и недостојни за еден американски лидер“.

EPA-EFE

Бајден вчера реагираше на наводниот масакр на цивили во украинскиот град Буча. „Можеби се сеќавате дека ме критикуваа бидејќи го нареков Путин воен злосторник“, им кажа Бајден на новинарите. „Па, вистина е, видовме во Буча, тој е воен злосторник“.

Обраќајќи им се денес на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков кажа дека обвинувањата дека руските сили извршиле воени злосторства со погубување цивили во Буча се „монструозен фалсификат“, чија цел е да се „оцрни руската војска“.

„Тоа е едноставно добро режирано, но трагично шоу“, кажа Песков.

„Уште еднаш ја повикуваме меѓународната заедница – отстапете од таквите емотивни перцепции и размислувајте со своја глава. Споредете ги фактите и ќе сфатите со каков монструозен фалсификат имаме работа“, порача портпаролот на Кремљ.

Додаде дека Русија не ја отфрла можноста за средба на Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но истакна дека средбата може да се случи дури откако ќе се договори документ.

Песков одби да го коментира напредокот на мировните преговори меѓу Русија и Украина, за кои кажа дека денес ќе продолжат преку видеоврска.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе