За одлуката на ЕУ за Украина

Кремљ: Давањето статус на кандидат е внатрешна работа на Европа

Кремљ денеска ја нарече одлуката на 27-те земји од ЕУ да им дадат кандидатски статус на Украина и Молдавија „внатрешна работа на Европа“, во екот на руската офанзива против нејзиниот украински сосед.

Фото: ЕПА

„Тоа е внатрешно прашање на Европа“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласувајќи дека за Москва е важно „целиот процес да не донесе дополнителни проблеми за Русија... и за односите на тие земји со Русија“.

Песков нагласи дека сака процесот да не заврши со влошување на односите меѓу Москва и Брисел, кои сега се на толку ниско ниво што е тешко дополнително да се влошат.

Тој рече и дека Молдавија сака да стане поевропска од самите Европејци.

Лидерите на 27-те земји-членки во четвртокот во Брисел донесоа одлука да им дадат кандидатски статус на Украина и Молдавија и ѝ ветија на Грузија европска перспектива и кандидатски статус кога ќе ги реши преостанатите критериуми.

Русија не се противи на пристапувањето на Украина во Европската Унија, но со години ги критикуваше обидите на земјата да се приклучи во НАТО. Пред да им нареди на десетиците илјади војници да влезат во Украина во февруари, рускиот претседател Владимир Путин побара правни гаранции од Соединетите Држави дека Украина нема да биде примена во тој воен сојуз.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе