Кремљ: Без согласност од Русија Вашингтон не смее да објавува записи од разговорите на Путин и Трамп

Кремљ соопшти дека на Вашингтон ќе му биде потребна согласност од Русија за да ги објави записите од телефонските разговори меѓу рускиот и американскиот претседател, како што сè погласно бараат демократите, како што велат, во интерес на националната безбедност.

Според Тасс, Кремљ порачал дека записниците од разговорите меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп би можеле да бидат објавени во јавноста доколку двете страни се согласат и дека ако САД предложат тако нешто, Русија е спремна да разговара за тоа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неодамна изјави дека Москва се надева дека записниците на разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател нема да бидат објавени.

„Секако, оваа форма на обелоденување е невообичаена практика“, рече тогаш Песков, коментирајќи го објавувањето на записот на телефонскиот разговор меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој објасни дека ваквите разговори меѓу шефовите на држави, по правило, се доверливи или строго доверливи.

Тој исто така рече и дека објавувањето на разговорите меѓу Зеленски и Трамп е „строго внатрешна американска работа“ и дека Москва нема намера да се меша.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе