Креаторка на вакцината Астразенека: Следната пандемија може да биде посмртоносна

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната ковид-криза, предупреди Сара Гилберт, која е дел од тимот научници вклучен во развојот на вакцината Оксфорд-Астразенека.

Фото: ЕПА

Професорката Сара Гилберт рече дека треба да се инвестираат повеќе средства во подготвеност за пандемии за да се зачува постигнатиот напредок. Таа, исто така, предупреди дека вакцините би можеле да бидат помалку ефикасни против сојот омикрон и дека луѓето треба да бидат внимателни додека не се дознае повеќе за тоа.

„Ова нема да биде последен пат вирус да ни се заканува на нашите животи. Следниот вирус може да биде полош. Може да биде позаразен, посмртоносен или и двете. Не можеме да дозволиме повторно да поминуваме низ сè што поминавме и потоа да откриеме дека огромните економски загуби што ги претрпевме значат дека сè уште нема средства за приправност на пандемии. Напредокот што го постигнавме и знаењето што го стекнавме не смеат да се загубат“, рече Гилберт.

Зборувајќи за сојот омикрон, таа рече дека неговиот шилест протеин содржи мутации за кои е познато дека го зголемуваат преносот на вирусот: „Но, има дополнителни промени што може да значат дека антителата предизвикани од вакцините или инфекцијата со други соеви може да бидат помалку ефикасни во спречувањето на инфекцијата со омикрон. Додека не дознаеме повеќе, треба да бидеме внимателни и да преземеме чекори за да го забавиме ширењето на оваа нова варијанта“.

Сепак, Гилберт рече дека намалената заштита од инфекција и лесна болест не мора нужно да значи намалена заштита од тешка болест и смрт. Таа, исто така, повика брзиот напредок во испораката на вакцини и лекови за време на пандемијата да стане норма. Нема причина да не се развие универзален лек против грип за да се елиминира оваа закана, истакна Гилберт.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе