Бугарија

Красимиров призна дека ја нападнал бугарската новинарка Маринова

Бугаринот во петокот кажа дека ја нападнал Викторија Маринова, телевизиската новинарка чие убиство предизвика меѓународна осуда делумно бидејќи првично изгледало дека убиството е политички мотивирано.

Северин Красимиров (21) е обвинет за силување и убиство со екстремна суровост во случајот на Маринова, и се наоѓа во притвор.

Бугарското национално радио објави дека кога го носеле во суд, во северниот град Русе на Дунав, тој разговарал со новинарите.

„Не знам што се случи. Не можам да се сетам на сѐ. Отидов таму и ја удрив, таа падна. Сакав да продолжам, но таа ме фати“, изјави Красимиров за новинарите во ходникот на судската зграда, пренесе Ројтерс.

„Да, виновен сум, многу ми е жал. Не можам да поверувам дека го направив тоа“, рече Красимиров со растреперен глас, кога новинарите го прашаа дали планира пред судот да каже дека е виновен.

Обвинителот подоцна за Ројтерс изјави дека не бил прашан да се изјасни на сослушувањето. Доколку е осуден, се соочува со доживотен затвор без право на помилување.

Маринова, 30, била водителка на емисија  за регионални настани на локалната телевизија во Русе. Нејзиното тело е пронајдено во парк на Дунав на 6 октомври. Полицијата соопшти дека била претепана, силувана и умрела од задушување.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе