Велика Британија

Кралското семејство објави комеморативно видео за принцот Филип и фотографии

Во пресрет на погребот на принцот Филип, кој почина на 99-годишна возраст, кралското семејство на својот официјален профил на Твитер објави комеморативно видео монтирано од фотографии, но и една слика по барање на кралицата.

Кралицата Елизабета Втора сподели со јавноста една од своите фотографии со својот сопруг, со кого беше во брак 73 години.

Церемонијалниот кралски погреб се одржа денеска во капелата Сент Џорџ, во областа на замокот Виндзор, со присуство на само 30 лица, во согласност со мерките во борбата против коронавирусот.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе