Кралицата во својот говор ги претстави ветувањата на Џонсон, споменувајќи ги и ЕУ и вакцинацијата (ВИДЕО)

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе се бори против нееднаквоста и ќе ги „изедначи" деловите на земјата со низа закони кои кралицата Елизабета ги претстави на свечениот почеток на парламентарната седница.

Screenshot

На скромната церемонија, поради пандемијата ковид-19, кралицата ги претстави законите што владата планира да ги спроведе, од создавање работни места и здравствена заштита до намалување на бирократијата по брегзит.

„Приоритет на мојата влада е да обезбеди национално закрепнување од пандемијата што ќе ја направи Велика Британија посилна, поздрава и попросперитетна од порано“, рече 95-годишната кралица во говорот со кој е отворена седницата на британскиот парламент. Кралицата носеше вообичаен фустан и шешир наместо свечена униформа и круна.

„За да се постигне тоа, мојата влада ќе ги изедначи можностите во сите делови на Велика Британија, поддржувајќи ги работните места, компаниите и економскиот раст и ќе одговори на влијанието на пандемијата врз јавните услуги“.

Британската програма за вакцинирање е далеку пред многу други земји, а бројот на инфекции опаѓа, a Џонсон (56) сака да ја оживее својата програма за „изедначување“ и да го обнови водството замаглено со обвинувања за кронизам.

„Кризата на никој начин не ја намали амбицијата на владата или апетитот за промена (...) Добивме историска можност да ги смениме работите на подобро“, рече Џонсон.

Кон крајот на 2020 година заврши преодниот период на излезот на Велика Британија од Европската унија, а Џонсон се обиде да ги потенцира придобивките од брегзит. Но, досега не успеа да го исполни ветувањето што го даде во кампањата за брегзит во 2016 година - дека неделно ќе инвестира 350 милиони фунти во здравството.

Неговата влада наместо тоа ќе се обиде да ја намали, како што смета, преголемата бирократија на Унијата и ќе ги рационализира правилата за државна помош и набавка за да може побрзо и директно да ги насочи средствата кон погодените компании.

Владината стратегија вклучува реформи во образованието за континуирано учење на возрасните, што министрите го сметаат за клучно за преобликување на британската работна сила.

Британската влада ја потврди својата заложба за постигнување нулта емисии на стакленички гасови до 2050 година. Се надева дека така ќе ги охрабри и другите земји на помбициозни цели пред климатскиот самит на ОН во Шкотска во ноември.

Голем дел од говорот на кралицата содржи веќе познати политики и предлози, што ја натера опозициската Лабуристичка партија да ја предизвика владата својата „реторика да ја претвори во реалност“.

Други критикуваа што се изоставени прашања како што се обезбедување социјална грижа за стари лица, инвалиди и други, кои и претходни влади избегнувале да ги решаваат. Владата рече дека ќе даде предлози за реформи за овој сектор оваа година.

„Многу сме разочарани затоа што социјалната заштита беше само спомената во денешниот говор на кралицата“, рече Едел Харис од добротворната организација Менкап.

„Каде се амбициите и финансирањето кога луѓето ќе останат без потребната грижа и поддршка што им е потребна?

Легенда под Главна слика

Screenshot

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе