Прво појавување на кралицата Елизабета по смртта на Филип

Кралицата Елизабета денеска се врати на своите должности по периодот на жалост поради смртта на принцот Филип.

Фото: ЕПА

Британската кралица одржа аудиенција за новите амбасадори на Летонија и Брегот на Слоновата Коска, преку видео врска.

На фотографиите објавени од Бакингемската палата, Елизабет е насмеана и повеќе не носи црно.

Кралицата ги извршува своите должности од својот дом во замокот Виндзор, западно од Лондон.

Принцот Филип, војводата од Единбург, почина на 9 април, во својата стота година. Погребот беше спроведен во Виндзор, во кругот на најблиското семејство.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе