Кралицата незадоволна зашто Камерон ги прераскажува разговорите со неа

Откривањето на Дејвид Камерон дека побарал помош од кралицата пред гласањето за независност на Шкотска во 2014 година предизвикало незадоволство во Бакингамската палата, рекол извор за Би-би-си.

Поранешниот премиер изјави за Би-би-си дека ја прашал дали кралицата дали би можела да „крене веѓа“ за можноста Шкотска да гласа за независност.

Кралицата потоа само рече дека луѓето треба „внимателно да размислат за иднината“.

Бакингамската палата не даде официјален коментар за забелешките на Камерон.

Она што било дискутирано со официјалните лица на кралицата не беше „нешто што на кој било начин би било несоодветно... туку само кревање на веѓата барем за... пет милиметри“, рече тој.

Поранешниот ториевски лидер зборува за шкотскиот референдум и во својата книга што ја објави оваа недела.

Извор за Би-би-си рекол дека „не е во ничиј интерес“ да се објавуваат разговорите меѓу премиерот и кралицата.

„Со тоа се отежнува напредувањето на односот“, додадоа тие.

Запрашан за реакцијата на палатата, Камерон рече дека се обидел да даде „искрено објаснување“ за своите постапки.

„Се обидував да ги објаснам фрустрациите кога едната страна на референдумот вели ќе имаме кралица на независна Шкотска и сите се среќни“, додаде тој.

Но тој додаде дека „веројатно кажал доволно или можеби и премногу“ во врска со својот разговор со монархињата.

Шкотска ја отфрли независноста со разлика од 55,3% на 44,7%, резултат од кој Камерон рече дека бил „благословено среќен“.

Алекс Салмонд, кој по резултатот поднесе оставка како премиер на Шкотска, рече дека постапките на Камерон не само што биле погрешни, туку и покажале колку била очајна страната „против“ во текот на последните фази на кампањата за независност.

Никола Стурџон, шкотската премиерка, на прашањето дали е загрижена поради тоа што од кралицата било побарано да се вмеша во потенцијален втор референдум за независност, одговори:

„Мислам дека откритијата - ако можам така да ги наречам - од Дејвид Камерон повеќе зборуваат за него отколку за кого било друг и всушност ја демонстрираат паниката што била во срцето на владата на Велика Британија во пресрет на референдумот за независност пред пет години“, рече таа.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе